Медиумите ги заштитија своите авторски права

demo-image

Заеднички принцип на работа на медиумите што имаат веб страници во однос на заштита на нивните авторски и сопственички права.
Сите медиуми потписници на иницијативата за поголема заштита на нивните авторски и сопственички права од неовластено пренесување на нивните содржини на други сајтови и портали, како и други електронски медиуми, се согласуваат со следниве принципи кои ќе бидат вид стандарди на однесување:

1. Потписниците на иницијативата се согласуваат во најкратко можно време да стават импресуми на своите веб страници и да наведат дека содржината е заштитена.

2. Потписниците на иницијативата се согласни дека содржината објавена на веб страниците е пазарен производ заштитен со авторски и други сродни права и оти секое користење за какви било цели, е единствено можно преку директен договор со издавачот.

3. Потписниците на иницијативата се согласуваат дека порталите кои ги реобјавуваат нивните авторски содржини по принцип на агрегација на информациите, тоа ќе можат да го прават под следниве услови:
а) секое преземање да биде направено по претходен договор со издавачот
б) да се преземаат наслов и поднаслов (вовед) на веста во должина до 180 карактера, а оние фотографии кои се оригинални да се преземаат во димензии не поголеми од 90x90 пиксели
в) преземената информација да се отвора со еден клик во нов прозорец на прелистувачот, во кој читателот ќе биде однесен со директен URL до сајтот од каде е преземена информацијата и тоа без присутната рамка на сајтот – агрегатор
г) секој од потписниците на иницијативата се согласува кога ќе пренесе туѓа информација од веб страна, согласно тука наведените услови, коректно да го пренесе и линкот кој што води до изворот на информацијата, а истото ќе го бара и од оние што ги пренесуваат нашите содржини
д) се остава правото на поинакво пренесување на вестите и другите содржини на потписниците на оваа иницијатива, доколку e тоа плод на заемен договор помеѓу издавачите, односно сопствениците на медиумите од една страна и електронските платформи, односно сопствениците на агрегаторите и другите веб страници што ги пренесуваат оригиналните содржини, од друга страна

4. Сопствениците на радиостаниците кои пренесуваат заштитени информации од издавачите согласно точка 1 од оваа иницијатива, се упатуваат на договор со издавачите. Радиостаниците немаат потреба од договор само доколку во своите говорни содржини пренесуваат наслов и поднаслов од информација објавена од издавачите, а притоа целосно и коректно го нагласат изворот на насловот и поднасловот, односно издавачот, односно медиумот (со целата негова веб адреса) или доколку во говорната содржина прават прилог, најчесто наречен „преглед на печат“

5. Стандардите околу кои се согласни потписниците на иницијативата имаат за цел доброволно воведување ред во однос на заштита на авторските и другите сродни права, пред се во интернет просторот. Непочитувањето на овие стандарди ќе биде предмет на индивидуална или групна заштита на авторските права согласно законските прописи на Република Македонија.



Прочитај повеќе »