Дали и колку ја чуваме и негуваме нашата традиција?!

demo-image
За да го пронајдеме одговорот на оваа прашашње отидовме во југоисточниот регион на нашата земја поточно во околината на Радовиш, во селото Дедино. Оваа е многу старо село село  во кое отсекогаш живееле само етнички Македоници.Село каде миграцијата село - град, зема се поголем замав, и притоа ама баш никој не мрднува ни со прст, да го спречи тоа одлевање.

Порано тоа било порадни немањето на канализација, лошата патна инфраструктура, но сега  навистина нема причина од тоа бидејки поголем дел од селото има канализација а во дел од селото е решен и проблемот со патиштата. Оваа село e од ретките во Македонија каде  што се изработувале бомби за времето на Гоце Делчев... 

Овде сеуште многу се негува и чува традицијата, а за доказ е  40 годишното постоење на    фолклорниот ансамбал „Цветови“ кој всушнотсt претставува едниствен на ниво на општината Конче.Убавината на носијата, ората, песните,инструментите и одличниот кореограф ја праваат совршеноста на овој ансабал коj всушност претставува чувар на традиционаланата народна култура. 


Овој ансамбал е надалеку познат  по својата оригиналност ја има претставувано нашата земја во Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Полска, Романија, Србија, Словенија, Унгарија, Франција,Турција... Ансамблот се има закитено и со многу  награди признанија, како во земјата, така и надвор од границите на нашата земија. 

Ансамблот брои околу 60  членови  поделени во три групи. Порано овој број иснесувал повеќе но миграцијата си го прави своето. Во разговор со повозраснитите жители на селото, тие истакнаа  дека интересот на младите за посетување на играорната е голем, но најголем проблем на сите им претставува просторијата во кој се одржуваат пробите.

Еден од родителите чии деца се членови на ансамблот изјави дека дури му е страв да ги пушти децата на проба и дека со неизвеснот ги чека бидјеки т.н. сала е обиколена со треви и грмушки вискои и до 2 метри, има само мала патека за до скалите, а тие, пак, се целосно распаднати.ж

Друга причина за загрижување претставува и таванот на т.н. сала бијдеки во секој момент може да се сруши, а бидејки еден  дел веќе е паднат, па кога врне дожд пробите начесто се откажуваат бидејки поради скапаните керамиди дождот паѓа во салата. 


Локалните жители велат дека за овој проблем била известена локлната општинска самоуправа  но оттаму  нема никаква заинтересираност за реконструкција, а велат дека  најиронично е  тоа што во локалните села со помал број на жители се гради објект сличен на овој нашито во распаѓање.

Но на овие луѓе не им преостанува ништо друго туку само да се надеват  дека  еден ден овој проблем и многуте други проблеми во селото ќе се средат.

М.И.


Прочитај повеќе »