Кој и зошто им ги затвора вратите на студентите на Архитектонскиот факултет?

demo-image
Во последно време сме сведоци на често затворање на вратите на Архитектонскиот и Градежниот факултет за студентите, иако знаеме дека во неговата 60 годишна историја тоа не било случај.

Досега изговор беше „безбедноста“ и вратите беа затворани после 21часот. Меѓутоа студентите се организираа и со подршка на неколку професори преку повеќе проекти успеаа да си го вратат факултетот назат. 

Во четвртокот осамна соопштение потпишано од двајцата декани и директорот на сизот кој е во склоп на зградата, факултетот да не работи до понеделник, поради чествување на празникот на Светите Кирил и Методиј. 

Поради недовршени обврски повеќе студенти се обидоа да влезат во факултетот, и тука настанува најголемиот проблем. Некои беа пуштени внатре, а некои не, и покрај строгата наредба никој да небиде пуштен внатре и постојано да се држат заклучени сите врати од кој се има пристап до зградата.

Која е целта на затворањето на Факултетот за студентите, за оние за кои всушност и постои? 


Прочитај повеќе »