Поплавен регионалниот пат Демир Хисар - Прилеп и атарот на село Бараково

demo-image
Речиси целото поле е под вода, а реката и понатаму се излева од своето корито. Според постарите жители ова е една од најголемите полави во Бараково, во последните неколку децении. 


Водата се прелева и преку регионалниот пат Демир Хисар - Прилеп, што допринесе и горниот дел од полето да се најде под вода, што не било случај за време на минатите поплави. 

Штетите од поплавата во секој случај се големи. Жителите на Бараково очекуват во најскоро време претставници од општината заедно со стручни екипи на Министерството за земјоделие да излезат на терен и да ја проценат настанатата штета, по што земјоделците ќе бидат соодветно обешететени. 


Граѓаните од ова село очекуваат дека оваа поплава е последна опомена и порака за општинската власт трајно да го реши проблемот со излевањето на Црна Река, и да го исчисти критичниот дел каде постојано се излева реката. 

Текстот и фотографиите за Ти репортер ни ги испратија од http://www.facebook.com/demirhisar.makedonija


Прочитај повеќе »