Државниот инспекторат за животна средина ќе ја надоместуива неажурноста на комуналните инспектори во Куманово

demo-image
Пред една недела, граѓаните од оваа улица и се обратија на Алфа ТВ за овој проблем во рубриката „Ти репортер“ и информираа за нивните преземени иницијативи во врска со овој проблем.

Во врска со ова се огласи Министерство за животна средина и просторно планирање, односно госпоѓа Лидија Зафировска, Раководител на Сектор за инспекциски надзор на води и природа при Државниот инспекторат за животна средина, достави информација до Алфа ТВ со која известува Државниот инспекторат за животна средина ќе направи проверка зошто комуналните инспектори не постапиле по жалбите на граѓаните од улицата „Благоја Богдански“ на узурпацијата на јавниот простор на еден нивни сосед, како и на неподносливата бучава што приозлегува од неговата дејност.

Сега останува да го чекаме исходот од иницијативата на Државниот инспекторат за животна средина.


Прочитај повеќе »