Узурпирање на јавниот простор на улица „Благоја Богдански“ во Куманово

demo-image
Една група граѓаните од Куманово, жители на улицата „Благоја Богдански“, и се обратија на Алфа ТВ со информација за однесувањето на еден нивни сосед кој со својата ковачка работилница узурпирал дел од улицата и чистата и мирна улица ја претворил во стовариште на железо.

Освен тоа, велат граѓаните, бучавата што се создава од активностите во ковачницата преку цел ден ги вознемирува граѓаните.

Граѓаните што и се обратија на Алфа ТВ велат дека досега неколкупати поднеле жалби и пријави до надлежните општински институции за животна средина, но дека оттаму нема никакви дејства, ниту пак одговор на нивните поплаки.



Прочитај повеќе »