Почитувани сограѓани, заплакнете се!

demo-image
Веќе подолго време сум на мислење да Ви се обратам по повод една многу важна тематика. Имено, цело време околу нас гледаме луѓе кои не извршуваат ни елементарна хигиена, луѓе кои непријатно мирисаат, па непријатно им мирисаат пазуви, нозе, чорапи и слично. 

За жал ова е слика на нашава земја. Замислете што ќе рече странец кој ќе дојде кај нас и ке биде соочен со луѓе кои неподносливо смрдат? Во исто време погледнете ја ситуацијата со тоалетите во Македонија, во разните кафеа, ресторани и слично, тоа е страшна глетка! Истите тие кафулиња, ресторани, клубови па дури и одредени хотели, хостели и слично, не користат, и тоа одговорно го тврдам, ниту средства за дезнифекција и хигиена на санитарии па често сме излозени на огромен ризик влегувајки во таков тоалет да се заразиме со некоја опасна заразна болест. 

Истото важи и за фабриките и за помалите бизниси и нивните тоалети. 

Друг момент што сакам да Ви го посочам е тоа што во поголемите градови низ Македонија, би мозело да се одвојат пари за купуванје на средства за септички јами кои ќе го спречат ужасно непријатниот мирис од канализациите низ Македонија а воедно ке ги уништат штетните микроорганизми и паразити што егзистираат во самата канализација и кои со обично третирање односно процистување на водата НЕ СЕ УНИШТУВААТ, туку остануваат како ларви во самиот талог од прочистувањето! 


Владата на Р. Македонија мора да обезбеди средства за купување на хемиски средства за директно чистенје на канализационите мрежи и за уништување на паразитите во истите, тоа навистина не засега сите нас. До сега Владата на Р. Македонија обезбеди средства за градежни работи кои секако се важни се разбира за имиџот на една земја, но, обезбедувањето на финансиски средства за оваа намена е од суштинско значење за нашето здравје и за нашите зивоти. 

Погледнете ги статистиките од употребата на хемиските средства и средствата за лична хигиена, парфемите, дезодорансите, за жал Македонија е на дното од Европа и светот по користење што е поразително! 


Многу семејства покрај тоа што не извршуваат лична хигиена, немаат никаква навика да ја чистат тоалетната шолја со средства за чистенје (што е задолжително ако не еднаш дневно барем еднаш неделно! ). Затоа сме сведоци на разни епидемии и зарази, кои директно Ве засегаат и Вас господине Тодоров и Васето непосредно семејство. 

Сликата на една држава доаѓа и преку хигиената, а Македонците, со жалење тоа морам да го констатирам, се на дното во светот. Најстрашно од се е што зборувањето на темата лична хигиена често во Македонија е табу.
Со овој текст сакам да Ве замолам да предложите на седница на Влада на Р. Македонија (или пак самоиницијативно да побарате средства за тоа) да се изработат под итно видео спотови, брошури, упатства итн. и тоа ако е можно за најкраток мозен рок од најдоцна недела или две, со оглед на тропските горештини кои владеат кај нас и кои се погодни пак за развој на разни микроорганизми и паразити. 
Според една статистика доколку сите луѓе ги мијат своите раце редовно, повеќе од половината инфекции би биле спречени. 

И самите не сме свесни колкаво е влијанието на паразитите врз севкупното живеење на човекот. Додека Русите и Американците се народи кои најчесто се тушираат, Македонците се на срамното дно на светот, сметам дека тоа мора да се промени за доброто на сите нас. Не постои поважна и посуштинска работа во животот на еден човек од неговото здравје и хигиена. 

Направете го она што е во Ваша моќ за да се променат навиките на жителите на Македонија. Со оваа кампања од типот на сите претходни кампањи како на пример, “ Отвори го срцето “ или “ Ти си Македонија “, ќе има голем позитивен ефект и врз козметичката и хемиската индустрија на Р. Македонија. Да не заборавиме дека од ова може да има дури и еден од загубарите - “ ОХИС “ кој едвај преживува.

Никола Стефанов 




Прочитај повеќе »