Дива сеча на Шара - на планинската убавица и се случува масакар

demo-image
Дива сеча го уништува прекрасниот Шарпланински масив.Планинарите кои се најчести посетители на Шара предупредуваат дека ова што се случува последниве години е вистински масакар.И во минатото велат имало сеча, но имало барем и некаков план и ред на сечење, а ова денеска е страшно и недозволиво.

Со вакво толерирање и неказнување од страна на надлежните,природата ќе продолжи да се уништува, што ќе значи нови свлечишта, ерозии.Планинскиот туризам пак, вака вопшто нема да се развива, вели Божиновски.

Планинарските друштва бараат да се спречи овој масакар што и се случува на Шара, со поголема ажурност на надлежните инспекциски служби, потсетувајќи дека природата и самата враќа-како што беше случајот со големите поплави и свлечишта пред три години, кога имаше и жртви, а странски експертски тим утврди дека човечкиот фактор е главната причина.


Милена Вучевска



Прочитај повеќе »