Путин: Сакав Трамп да победи на изборите во САД

demo-image
 Куртоазни честитики од американскиот претседател Доналд Трамп за организацијата на светското првенство на рускиот претседател Владимир Путин, потоа потсетување дека САД и Русија се нуклеарни сили. На самитот во Хелсинки по двочасовниот разговор насамо зад затворени врати, следуваше работен ручек, и заедничко обраќање.

-  Нашите односи никогаш не биле полоши досега, но тоа се промени во последните 4 часа. Имавме отворен дијалог кој помина многу добро, продуктивен дијалог не е добар само за САД и Русија, туку и за цел свет. Ние ќе решиме многу проблеми кои го мачат светот. - изјаби Трамп.
- Ги направивме првите чекори како би ги унапредиле нашите односи, и како би вратиле одредено ниво на доверба. - изјави Путин.

Путин откри дека всушност сакал Доналд Трамп да победи на претседателските избори во 2016 година. Сепак, Русија не придонела за победата на Трамп со какви било средства, изајви тој.

- Задоволни сме од разговорите. Јасно, останаа некои предизвици. Се надевам дека сега подобро се разбираме едни со други. Русија не е вмешана во американските избори во 2016 година.- изјави Путин.

Според него, новите проблеми се поврзани со тероризимот и светската финансиска ситуација. Путин изјави и дека ставовите на Москва и на Вашингтон во однос на Крим, се различни. Тој додаде дека „за Русија тоа прашање е затворено“.

Трамп не кажа ниту еден критички збор за Русија во врска со ниту едно од прашањата кои ги донесоа односите меѓу Вашингтон и Москва на ниско ниво по Студената војна, од Украина до Сирија. 

Запрашан дали им верува на американските разузнавачки агенции, кои заклучија дека Русија се вмешала во изборите во 2016 година, Трамп изјави дека му било кажан од неговиот шеф на ЦИА дека Русија е виновна, но не гледа никаква причина зошто би била" Русија вмешана во изборите од 2106. "Претседателот Путин беше исклучително силен и моќен во неговото негирање денес", истакна тој.

На крајот на конференцијата, Путин му даде фудбалска топка на Трамп и му рече дека сега топката е во негови раце, а Трамп топката ја подаде на неговата сопруга Меланија која присуствуваше на пресот.
Трамп го одржа овој состанок само неколку дена откако специјалниот обвинител во САД поднесе тужба против 12 руски агенти за крадење документи на Демократската партија за да му помогне да победи на изборите.


Елена Вришку



Прочитај повеќе »