Дипломатски скандал: Баришиќ реобјави навредлив твит за претседателот Иванов

demo-image
 Ја прекрши ли Хрватската амбасадорка во Скопје Даниела Баришиќ Виенската конвенција за дипломатски односи преку социјалните мрежи.
Првиот хрватски диполмат на Твитер реобјави навредлив твит во кој се навредува претседателот Иванов.
На социјалните мрежи веќе се поставува прашањето дали Баришиќ за своето однесување треба да биде вратена или протерана од Македонија.
Дел од твитер заедница посочува дека Баришиќ има прилично скромна биографија и дека не се работи за дипломат од кариера и затоа Македонија не треба поради неа да ги нарушува односите со пријателската Хрватска.

Можеме само да замислиме што ќе се случеше ако Македонски амбасадор во Хрватска реобјавеше твит во кој ќе беше објавена српската шега за Путин и претседателката Колинда Грабар Китаровиќ во која таа беше претставена како кафеанска пејачка.

Баришиќ пред Македонија била амбасадорка во Бугарија, а во Скопје е од 2015 година.
Пред два дена беше меѓу ретките учесници на прославата за поканата во НАТО.



Горан Момироски


Прочитај повеќе »