Премиерот има пристап до тајните истраги на полицијата !?

demo-image
Кој доставува извештаи од предистражни постапки на полицијата до кабинетот на претседателот на Владата? Кој одлучува кои искази дадени во полициска станица, треба да ги знае и премиерот? овие прашања се наметнуваат откако денеска Заев рече дека руски бизнисмени од Грција  плаќале за протестите на Комитите во Скопје? Според изјавата на премиерот тој како лично да бил присутен за време на распитот во полициска станица.

-Извештаите што ги добивам знаете тие млади момчиња од Комити кога нападнаа полицајци беа повикувани во полицијата на исказ, на разговор, па спомнуваа бизнисмени од Русија добивале пари заради тоа они се тука они немаат ништо против или слично, рече премиерот Заев. 

За разлика од премиерот, министерот за внатрешни работи Спасовски повнимателен. Кој каква изјава дал во полиција, дали некој ги финансирал комитите, дали МВР има имиња кои се тие наводни бизнисмени, министерот не сакаше да коментира.

-Треба да знаете дека ниту ќе можеме, ниту смееме, ниту пак е потребно истрагата да ја водиме преку медиуми. Треба да знаете дека во секој момент кога ќе имаме било што да соопштиме што е во можност да биде споделено со јавноста тоа ќе го направиме рече министерот Спасовски.

Доколку постои истрага, начелото на тајност го наруши премиерот. Секој случај во фаза на истрага е тајност. Предистражната постапка е строго регулирана бидејќи секоја изјава во јавност може да и наштети на истрагата. Што зборуваат сведоците, осомничените во фаза на предистражна постапка знае само надлежниот јавен обвинител и инспекторот кој работи на случајот, законот не предвидува исказите дадени во полициска станица да се доставуваат до кабинетот на премиерот. 



Катерина Гетева  

Прочитај повеќе »