Најмалку посетени прослави во Македонија организирани од власт

demo-image
Владата потрошила околу 180 000 евра за прославата која беше организирана во саботата каде според аналитичарите се славело по повод датумот за датум во ЕУ и поканата за покана, односно условена покана за влез во Алијансата. 

Доколку низ сите 15тина града, вкупно се собере дека присуствувале 10 000 посетители, што спроед фотографиите објавени во медиумите, се гледа дека бројката и не е толку голема, практично секој посетител си платил по 18 евра за да се забавува на НАТО журката организирана од Владата, а финансирана од џебот на граѓаните. Во извештајот кој го испратија од Илинденска стои дека во секој од 15те градови се потрошени околку 12 000 евра за да се исплатат артистите, сценската опрема, бините, системите за озвучување и осветлување и другите трошоци. 

Всушност во градовите како Кичево, Струга, каде одвај имаше вкупно 500 посетители  на двете локации, оние кои ја посетиле забавата практично си платиле околу 50 евра за да присуствуваат на евентот.
Очите на јавноста се уште се вперени кон Владата, очекуваат да логично објаснување зошто се потрошиле толку пари за помпезната, но сепак празна Нато журка.
Социјалните мрежи се уште вријат, жителите револтирани од недомакинското трошење на парите, прашуваат колку Тамари, чинел НАТО евентот со еден куп музичари.

Пред камерата на АЛФА, граѓаните велат дека ваквото славје е непотребно.

Слабата посетеност на журките дел од жителите ја толкуваат како студен туш за Владата, која треба да ги преиспита своите одлуки, пред да подготвува прослава за влез во НАТО, но по цена промена на името и Уставот. 

Граѓаните едноставно не пронајдоа причина да слават заедно со Владата и затоа бојкoтираа. Пред сцената во Охрид буквално немаше никој, а поп пејачот Лозано навреме успеа да објави дека нема да настапи.

Слично беше во Струга, Кичево, Струмица, Битола,... Соочени со фактичката состојба дека и на главната забава во Скопје посетеноста е под секое ниво, Јавниот сервис, иако уредно најавен, го откажа преносот во живо. За да спасат што може да се спаси, владините функционери и ПИ-АР тимот несупешно се обидуваа да шират позитивна атмофера но резултатите беа поразувачки.

На социјалните мрежи за дебаклот на НАТО журките се огласи и професорот Димитар Апасиев кој е дел од ЛЕВИЦА, тој напиша дека сме положиле  приемен испит за неуспешниот референдум за самоукинување.
 


Прочитај повеќе »