Пораз на владината политика, треба да пројде референдумот па потоа да се слави

demo-image
 Катастрофалната посетеност на владината прослава по повод најавата дека ќе добиеме покана во НАТО кога ќе ги смениме името и уставот и масовниот одзив на протестите во Кавадарци организирани од опозицијата се јасен показател за тоа во која насока оди расположението на граѓаните. Аналитичарите велат дека викендов јавноста беше сведок на силниот контраст меѓу желбите на власта да го поправи својот углед со изнасилени прослави кои чинат многу пари и автентичната потреба на народот да покаже дека не се согласува со менување на сопствениот идентитет во замена за условени преговори со ЕУ и условена покана за НАТО.

Од друга страна протестот во Кавадарци, како и неколкуте претходни организирани од ВМРО-ДПМНЕ се вовед во сосем поинаква политичка клима во земјава.

Во такви околности Македонија ја очекува засилена кампања за успешен референдум и уште позасилени активности на опозицијата кои би требало да кулминираат во септември кога, според најавите, ќе биде организирано народното изјаснување за Договорот со Грција.


Драган Милосављевиќ



Прочитај повеќе »