Северна Кореја планира општа амнестија за политичките затвореници

demo-image

Северна Кореја денеска соопшти дека ќе одобри општа амнестија за затворениците кои се осудени за злосторства против државата и народот, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Амнестијата ќе стапи во сила на 1 август. 

Одлуката за амнестија е донесена во пресрет на 9 септември, кога се одбележуваат 70 години од формирањето на државата.

Како што наведува КЦНА, Северна Ккореја ќе преземе практични мерки со цел да им помогне на ослободените затвореници да се вратат во нормалниот живот.

Последната амнестија беше во 2015 година, кога Северна Кореја славеше 70 години од ослободувањето на Корејскиот Полуостров од јапонската колонизација. 



Прочитај повеќе »