Иран: Ако Трамп сака преговори, ќе мора да не побара

demo-image

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Бахрам Гахеми денеска изјави дека ако американскиот претседател Доналд Трамп сака да преговара за повлекување на САД од меѓународниот нуклеарен договор со Техеран, ќе мора да го повика Техеран.

Гахеми реагира на неодамнешната изјава на Трамп дека еден ден Техеран ќе го побара Вашингтон и ќе рече „ајде да се договориме“.

- Можеби еден ден тој (Трамп) ќе го повика Техеран и ќе побара преговори, тоа е поверојатно, истакна Гасеми.

Но, и ако се случи Трамп да побара, не е јасно дали некој ќе одговори, бидејќи иранските власти одбиваат да разговараат со САД.



Прочитај повеќе »