Трамп се сретна со финскиот претседател Нинисто

demo-image

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Хелсинки се сретна со неговиот фински колега Саули Нинисто, при што му се заблагодари за помошта при организирањето на средбата со шефот на руската држава Владимир Путин, која е планирана за подоцна вo текот на денешниот ден.

Финската државна телевизија ЈЛЕ јави дека Трамп на средбата ја пофалил Финска како прекрасна држава.

Тој исто така дал високи оценки и за минатонеделниот самит на НАТО во Брисел, при што рекол дека Алијансата никогаш не била посилна или покохерентна од сега.



Прочитај повеќе »