Туск: ЕУ и САД се пријатели

demo-image

Првиот човек на Европскиот совет Доналд Туск преку Твитер му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД и ЕУ се најдобри пријатели.

Пораката доаѓа откако Трамп оцени дека Европската унија е непријател на САД во трговската сфера.

- Америка и ЕУ се најдобри пријатели. Тој што вели дека сме непријатели шири лажни вести, напиша Туск на неговиот профил на Твитер.

Трамп подолго време ја критикува Европската унија, како поради нејзините мигрантски политики, така и поради трговските односи со САД, а го поддржа и излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

- Мислам дека Европската унија е непријател, она што ни го прави во трговијата. Вие не би помислиле на Европската унија, но таа е непријател, изјави Трамп во интервју што го даде во Шкотска, каде за Кина рече дека е економски непријател на САД, а за Русија дека е непријател во одредени области. 



Прочитај повеќе »