Израелската авијација нападна ирански пункт во Сирија

demo-image

Израелската армија изврши воздушни напади врз Сирија ноќеска при што биле убиени девет лица, од кои шест Иријци и тројца со неидентифкувано државјанство.

Главна цел на нападот бил ирански логистички пункт во близината на Алепо преку кој се вооружувале сириските сили лојални на Башар ал Асад, јави новинската агенција ДПА повикувајќи се на Сирискиот центар за човекови права.

Сириската новинска агенција САНА го потврди нападот велејќи дека со него се направил обид да им се помогне на „веќе поразените терористички групи во Дараа и Кунеитра“.

Според САНА, во нападот била предизвикана само материјална штета. 



Прочитај повеќе »