Новоизбраниот претседател на Мексико ќе зема помалку од половина од платата на неговиот претходник

demo-image

Новоизбраниот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, вчера изјави дека планира да зема помалку од половина од платата на неговиот претходник, во обид да ги намали владините расходи.

- Ние сакаме буџетот да стигне до сите, изјави Лопез Обрадор во неговото изборен штаб.

Гледајќи лист хартија со бројки, тој рече дека ќе зема 108.000 пезоси месечно, што е 5.707 долари по сегашниот девизен курс и оти ниту еден државен службеник нема да може да заработува повеќе од претседателот за време на неговиот шестгодишен мандат.

Помошниците на новоизбраниот претседател пресметаа дека досегашниот шеф на државата на Мексико, Енрике Пења Нието, земал 270.000 пезоси месечно.

Лопез Обрадор изјави дека би сакал уште повеќе да ја намали својата плата, но не сака да предизвика негодување меѓу идните министри, кои во некои случаи напуштаат позиции во приватниот сектор и академски функции, кои се повеќе платени од државните службеници.



Прочитај повеќе »