Франција на светскиот фудбалски трон

demo-image

Серијата голови во големото финале ја отворија Французите со автоголот на Марио Манџукиќ откако по нафрлувањето на Антоан Гризман ја погоди сопствената мрежа.

Хрватите кои тргнаа офанзивно уште од самиот старт по серија не реализирани шанси конечно во 28-та минута преку Иван Перишиќ успеаа да го израмнат резултатот, но 10 минути подоцна токму тој играше со рака во сопствениот шеснаесетник, а по прегледувањето на снимката судијата Нестор Питана покажа на белата точка. Прецизен изведувач беше Гризман и Триколорите поведоа со 2:1.

И во второто полувреме Хрватска тргна во офанзива, но во 59-тата минута Пол Погба со прецизен удар од шеснаесетина метри го совлада Даниел Субашиќ за предност на Франција ос 3:1.

Во 62-та минута Килијан Мбапе испрати удар од дваесетина метри и голманот Субашиќ повторно беше немоќен и веќе беше јасно дека Французите ќе слават во овој меч.

Сепак неизвесноста се враќа во 69-тата минута кога по грешката на Хуго Лорис, Марио Манџукиќ ја погоди мрежата на противникот и намали на 4:2 што беше и конечен резултати на овој натпревар.



Прочитај повеќе »