Мундијалската бронза за Белгија

demo-image

Белгијците рано го постигнаа водечкиот погодок. Уште во четвртата минута по асистенција на Насер Чадли на вистинското место се најде Томас Муние кој ја погоди мрежата на Џордан Пикфорд на на својата репрезентација и донесе предност од 1:0.

И покрај водството Белгија продолжи да атакува кон голот на Пикфорд, но избраниците на Роберто Мартинез не успеаа да ја затресат мрежата на противникот.

Во продолжението од натпреварот Англија тргна поофанзивно кон голот на Тибо Куртоа, но и на спротивната страна мрежата мируваше.

Во 82-та минута по еден брз противнапад Еден Азар беше сам пред противничкиот голман и успеа да се запише во листата на стрелците за конечен триумф на Белгија од 2:0.

Белгијците со оваа победа го постигнаа најголемиот успех во историјата додека Англичаните за прв пат по 28 години се бореа за бронзата и повторно го освоија четвртото место.

Утре во Москва се игра големото финале во кое Франција за противник ја има Хрватска, а мечот на стадионот Лужњики почнува во 17 часот. 

Прочитај повеќе »