Започна 45-та Галичка Свадба

demo-image
Со поставување на традиционалното знаме започна 45-то издание на Галичката свадба, една од најспектакуларните културни манифестации во земјата.

Младенци на годинашната манифестација се Тања Лепческа, со потекло од Галичник и Златко Димовски. Тие се избрани во конкуренција од четири пара. 

Судбоносното „да“ младенците ќе го кажат утре во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“. Посетителите ќе можат да проследат над 30 обичаи кои што ќе се изведуваат за време на свадбарските денови.



Прочитај повеќе »