Тројца тешко повредени во вооружен инцидент во Тетово

demo-image

Двајца браќа на возраст од 36 и 37 години и еден 49 годишен тетовец се тешко повредени во синоќешната вооружената престрелка во Тетово. Инцидентот се случил после полноќ во ромската населба во близина на тетовската болница. Сите тројца се во тешка здравствена состојба на скопските клиники.

- Роднините и соседите на повредените не сакаат да зборуваат пред камера. Само ни потврдија дека меѓу браќата и 49 годишниот тетовец имало недоразбирања.

Според соседите, во двајцата браќа пукал 49 годишниот тетовец, со кого претходно истата вечер, заедно бил постариот брат, кој со рани во стомакот е во најкритична состојба. Откако се разделиле, околу 1 часот по полноќ дошол 49 годишникот пред нивната семејна куќа и пукал во едниот, а потоа и во другиот брат. Полицијата и јавен обвинител уште синоќа извршиле увид.

Полицијата работи на расветлување на случајот. Точните причини за пукањето допрва ќе се знаат, откако ќе се изврши и разговор со тројцата повредени, кои засега, во тешка здравствена состојба, не се во можност да дадат исказ.


Mилена Вучевска



Прочитај повеќе »