Владејачките партии заедно со Тачи во среда во Брисел на преговори со Србија

demo-image

Кабинетот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај потврди дека челниците на државните институции се сретнале вчера за координација пред продолжувањето на преговорите со Србија и договориле заедно да заминат во Брисел, каде што ќе се одржи новата рунда од дијалогот, јави дописникот на МИА од Приштина.

- Челниците на иниституциите на Република Косово: претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, претседателот на Собранието на Република Косово, Кадри Весели, претседателот на Владата на Република Косово, Рамуш Харадинај, првиот заменик-премиер и министер за Надворени работи, Беџет Пацоли, заменик-премиерот Фатмир Лимај и заменик-премиерот и министер за Дијаспора и стратегиски инвестиции, Дардан Гаши, денеска на заедничка седница, одлучија во среда, на 18  јули, да заминат на средба со високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини, во Брисел, се вели во писменото соопштение од прес-службата на премиерот Харадинај.

Спооред соопштението, државниот врв на Косово ќе и ја потврди на Могерини посветеноста на косовските институции на дијалогот со Србија како и заложбата за вклучување на опозицијата во дијалогот, односно за формирање сеопфатен преговарачки тим. 



Прочитај повеќе »