Албанската полиција приведе членови на „Република Чамарија“

demo-image

Албанската полиција синоќа приведе девет лица,активисти на т.н. „Република Чамарија“.

По распитот во полиција, тие се пуштени и ќе се бранат од слобода.

Обвинетите се товарат за кривично дело „формирање антиуставни партии и здруженија“ и „ распространување антиуставни текстови“.

Меѓу приведените е и косовскиот државјанин Илир Бериша (49), кого полицијата го пронашла во местото „Агенција“ во приморскиот град Саранда, во канцеларијата на оваа организација.

Неколку од лицата при апсењето биле во автомобил, додека поголемиот број од нив во селото Верве, кај Саранда, во близина на албанско-грчката граница каде одржувале некаква манифестација.



Прочитај повеќе »