Штип: Скандалот со директорската фотелја во социјалното доби нови димензии

demo-image
Скандалот за директорската фотелја во штипскиот Центар за соцјални работи доби продолжение. Во игра за челната позиција влезе трето лице. Од денес за в.д. директор на оваа институција е назначена од неодамна вработената Златка Илиева. Решението за директорување кое вчера го доби социјалниот работник Станко Димитров е повлечено како причина за повлекувањето на оваа одлука е тоа што тој сè уште се води како невработен..

Во мегувреме веќе втор ден инспекции ја чешлат документацијата во штипскиот центар,  по трудовите, денес на терен се управните инспектори .

 Инаку скандалот за директорската фотелја веќе неколку дена го тресе Центарот за социјални работи. Претходната в.д. директорка Сузана Цветкова откако разбра дека ќе биде сменета на нејзино место ќе биде поставен нејзиниот колега Станко Димитров ,  го одјавила од работа во Агенцијата за вработување и заминала на годишен одмор. Најверојатно министерството не било известено за нејзината одлука, па во меѓувреме издале решение за директоруивање без да знаат дека тој е невработен.


Прочитај повеќе »