Внуката на Лејди Дијана заштитно лице на „Булгари“

demo-image
Лејди Кити Спенсер, внуката на Лејди Дијана, откако се појави во рекламна кампања на „Долче и Габана“, е ново заштитно лице и на брендот „Булгари“. Се работи за нова колекција накит и очила за сонце.

Кити е ќерка на Чарлс Спенсер, помлад брат на принцезата Дијана. Иако не може да има никаква улога во кралското семејство, таа фактички е прва братучетка на принцовите Вилијам и Хари, со кои е во доста добри односи.

На фотографиите од последната рекламна кампања на Булгари, девојката со сина крв изгледа заводливо, грациозно, волшебно... Токму како и нејзината тетка.



Прочитај повеќе »