Меркел: Сите сме посветени на НАТО

demo-image

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Брисел изјави дека сите членки на НАТО се посветени на Алијансата.

Меркел изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп повторно го покренал прашањето за распределба на финансискиот товар меѓу членките на НАТО, за што зборуваше со месеци и оти тие му дале до знаење дека се „на тој пат“.

Трамп во неколку наврати ја критикуваше Германија, бидејќи не издвоила доволно голем дел од своето БДП за потребите на одбраната.

Меркел истакна дека Германија е втора по ред земја, кога станува збор за придонесот по бројот на војници во НАТО.



Прочитај повеќе »