Австрискиот претседател го блокира договорот со Канада - ЦЕТА

demo-image

Австрискиот претседател Александер ван дер Белен го блокираше спорниот трговски договор со Канада (ЦЕТА).

Тој објасни дека ЦЕТА ќе го потпише откако Европскиот суд ќе оцени дека овој договор е согласно правото на ЕУ.

Белгија побара мислење од Европскиот суд за да добие објаснување за тоа дали планираните арбитражни судови се согласно правото на ЕУ.

Негативна оценка на Европскиот суд би значела дека за ЦЕТА ќе мора повторно да се преговара, бидејќи со тоа ќе се поништат сите чекори на ратификацијата.

- Не ми беше лесно да ја донесам оваа одлука. На една страна е одлуката на Парламентот, која треба да се почитува, а на друга е верификацијата и одлуката на Европскиот суд, која треба да се почека и да се почитува. Бидејќи членките на ЕУ, Германија и Холандија најавија дека ратификацијата ќе ја заклучат по пресудата на Европскиот суд, нема да има задоцнување во можната целосна имплементација на ЦЕТА, истакна Ван дер Белен.

Тој најави дека Европскиот суд доколку донесе позитивна одлука, а тоа се очекува најрано на почетокот на следната година, веднаш ќе го потпише договорот.

Инаку, во јануари околу 570.000 граѓани на Австрија се изјаснија против прифаќање на ЦЕТА.



Прочитај повеќе »