Повреден пешак во тешка сообраќајна несреќа во Скопје

demo-image

Едно лице е повредено во страотна  сообраќајна несреќа која вечерва  се случи во 20:05 минити на крстосницата од булеварите  "Партизански одреди" и  "Климент Охридски".  Во незгодата учествувале две возила БМВ и Мерцедес со скопски регистарски  таблички, а при судирот настрадал пешак кој стоел на троторатот од раскрсницата. Според информации на Алфа пешакот е пренесен во комлексот клиники Мајка Тереза. Од МВР за Алфа потврдија дека се случила незгода. Увидот е во тек и со детали за сообраќајката ќе излезат откако работата ќе ја завршат сообраќајната полиција и увидната екипа.





Прочитај повеќе »