Уапсен градоначалникот на струмичко Ново Село , шверцувал цигари?

demo-image
Градоначалникот на Ново Село е приведен под сомнение дека шверцувал цигари , неофицијално дознава Алфа. Според нашите информациите во шверцот на цигари вмешани се повеќе лица, а транспортот се одвивал со две возила во близина на селото Бадолен кај стумичко Ново Село.  

Едното возило според информации на Алфа го возел лично градоначалникот.  Во автомобилот имало уште едно лице а во возилото биле натоварени 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари. И во другото возило во кое имало две лица биле натоварени цигари. Нашиот извор посочува дека овде имало 35 штеки цигари и уште други 10 кутии полни со цигари. Полицијата кога ги запрела возилата лицата не сакале да застанат по што полицајците морале да пукаат во воздух. Успеале да ги запрат осомничените и ги однеле во станица. Од МВР за Алфа ја потврдија информацијата за приведувањето на градоначалникот, детали за случајот најавија во текот на денот.



Прочитај повеќе »