Резултати од обдукцијата: Никола Саздовски починал од повреди на мозокот!

demo-image
 
Никола Саздовски починал од повреди на мозокот. Ова е резултатот од извршената одбукција која судска медицина денеска ја предала во обвинителство.

Таму денеска се сослушуваа сведоци и очевидци на бруталниот напад врз 21-годишното момче, кои заедно со материјалните докази треба да помогнат во истрагата, но и за тоа обвинителството да одлучи дали ќе го преквалификува кривичното дело „насилство“, во „убиство“.

- По прибирањето и анализата на сите докази ќе може да биде донесена јавнообвинителска одлука и во однос на кривичната одговорност на лицата и во однос на правната квалификација на кривичното дело, објави јавното обвинителство на Република Македонија.


Прочитај повеќе »