Мигранти од Пакистан пронајдени во возило кај Стоби

demo-image

Вкупно 25 илегални мигранти од Пакистан, од кои еден малолетен, се пронајдени утрово во товарно возило кај археолошкиот локалитет Стоби.

Како што соопшти МВР, утрово во пет часот полициски службеници се обиделе да го сопрат возилото „Рено Мастер" со скопски регистарски ознаки на стариот пат Неготино - Градско. Возачот застанал, но излегол од возилото и избегал.

Извршен е увид на местото на настанот. Возилото и мигрантите се предадени во Полициската станица Неготино за натамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое го управувало возилото. 



Прочитај повеќе »