Лозарите бараат 15 денари за „вранец” и 13 за „смедеревка”

demo-image

Лозарите бараат 15 денари за килограм „вранец” и 13 за „смедеревка”, ова, велат тие, се реалните производствени цени за најзастапените вински сорти кои тие ги пресметале за годинешнава гроздоберска реколта.

Претседател на здружението „Напредни лозари” Трајче Кулев, за МИА информираше дека тие бараат откупувачите на грозје да покажат и банкарски гаранции за да докажат дека се сериозен партнер за откуп на родот, а плаќањето да го извршат во најкус можен рок. 

- Имавме неколку средби со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на оваа тема, кои пак, околу откупот на грозје имаат разговарано и со винарите, кои сеуште тактизираат. Очекуваме заедничка средба со претставници на винарските визби со медијаторство на Министерството, за да преговараме околу годинешните цени на винско грозје, рече Кулев. 

Тој изрази надеж дека преговорите ќе бидат успешни и дека конечно, по долги години, ќе се случи толку многу очекуваното зголемување на цените за килограм винско грозје. 



Прочитај повеќе »