Почина Никола Саздовски, момчето кое беше брутално претепано на постојка во Автокоманда

demo-image
 
Почина дваесет и еден годишниот Никола  С, кој пред десетина дена крвинички беше претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда. Младото момче кое подлегна на повредите на 29 минатиот месец бил нападнат од три лица кои излегле од автомобил мерцедес и го нападнале , по нападот сторителите избегале, а Мартин во лоша состојба со возило на брза помош бил пренсен на клинката во Скопје, на КАРИЛ каде до последниот ден бил во кома.

Полицијата на 2 јули поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „насилство“. Прво и второпријавениот беа лишени од слобода и им беше одредена мерка притвор, а третото лице се уште е во бегство.

Никола беше навивач на Вардар. Од навивачката група „Комити“ изразија револт зошто осомничените се гонат за насилство.

- „Молчевме цела недела, огорчени, потиштени и со мислите кон нашиот млад брат. Како да ви го објасниме МВР нашиот гнев, нашиот моментален порив за одмазда!? Дали сте свесни дека ќе започнете нешто, од кое нема враќање назад. Нашите прашања до институциите, НВО-та(ако постојат уште такви), медиумите и граѓаните на оваа наша измачена земја, се: Од кога тоа, дело, убиство во обид, кое се казнува со дваесет години затвор, се преобразува во дело насилство? На кој начин дело сторено на 29.06. 2018 година, се објавува во полициски билтен на 02.07. 2018 , наместо следниот ден, како што е редот и до кога ќе ги заштитувате милениците на Дуи(шверцери) како бели мечки?“, напишаа „Комити“ на „Фејсбук“ на 5 јули.

Пријателите и блиските на прерано умреното момче се збогуваат од него по социјалните мрежи, каде неодамна ја бараа одговорноста за нападот врз Никола чии сторители се гонат за насилство.


Мери Ѓорѓиевска




Прочитај повеќе »