Нови обвиненија за сексуални напади против Кевин Спејси

demo-image

Британската полиција соопшти дека ги истражува тврдењата на уште три други лица, кои го обвинуваат американскиот актер Кевин Спејси за сексуални напади.

Претходно се тврдеше дека се истражуваат три случаи за наводни напади, но истрагата во Британија е проширена со уште три извршени во периодот од 1996 до 2013 година во Лондон и Глочестер.

Иако полицијата не ги соопшти имињата, обвинувањата се појавија од актери и вработени од лондонскиот театар „Олд Вик“, каде Спејси беше уметнички директор повеќе од една деценија се до 2015 година.



Прочитај повеќе »