Студенти од Бристол собрале 1.500 долари за чистачот да може да се врати дома

demo-image

Студенти од британскиот Универзитет на Бристол собрале 1.500 фунти за нивниот миленик - универзитетскиот чистач Херман Гордон да може да си го посети семејството во Јамајка за празник.

- Тој е симбол на среќата, се вели во објавата на интернет страницата „Just Giving“, преку која се собираа средствата.

Подарокот Гордон го доби со порака од дарежливите студенти.

- Ти ни ги разведруваш деновите и сакаме да знаеш дека го цениме тоа и те сакаме, пишува во писменцето.

Чистачот сето тоа го прими со солзи и огромна благодарност кон студентите, нагласувајќи дека „позитивната енергија мора да продолжи“. 



Прочитај повеќе »