Почина пијанистката Елена Мисиркова

demo-image
 Почина пијанистката Елена Мисиркова- Лоза, која е родена во Скопје и живееше во Виена. Таа е потомок на основоположникот на македонската лингвистика Крсте Петков Мисирков и имаше богата интернационална кариера.

Мисиркова беше  професор по пијано , а потоа предавала пијано и во австриската престолнина. 

Таа беше прва македонска уметница која имаала солистички концерт во „Карнеги хол“  во Њујорк. Имаше голем број настапи на значајни фестивали во Македонија, Австрија и низ светот, а во 2007 година и беше доделена титулата почесен амбасадор на македонската култура во Австрија.

Во 2016 година ја доби државната награда „11 октомври“.  Мисиркова беше дел и од иницијативата  „За заедничка Македонија“ и се бореше за правата на Македонците.



Прочитај повеќе »