Научници сметаат дека се блиску до пронаоѓање лек за ХИВ

demo-image

Институтот за СИДА при Универзитетот на Хонг Конг соопштија дека се близу до пронаоѓање „функционален лек" за ХИВ вирусот што го предизвикува синдромот на намален имунитет СИДА. Станува збор за ново антитело кое би се користело и за превенција и за лекување на болеста.

Истражувањето предводено од професорот Чен Зивеи, е спроведено во период кога Кина се соочува со поинтензивно ширење на СИДА-та меѓу високоризичните групи.

- Сега, луѓето заразени со ХИВ, можат да го држат вирусот под контрола со антиретровирусни лекови што го спречуваат да зарази нови ќелии.  Но, тие мораат да се примаат секој ден и не ги лекуваат веќе заразените ткива. Новото антитело има значајно подолго траење од постојните лекови и ќе може да се прима на три месеци. Новооткриеното биспецифично антитело делува против сите верзии на ХИВ вирусот, истакнува професорот.

Според податоци од Обединетите нации, речиси 850.000 Кинези се заразени со ХИВ.

Научниците очекуваат експерименталната фаза да трае три до пет години. 



Прочитај повеќе »