Лондон: Зграда во пламен, на годишнината од пожарот во Гренфел кула

demo-image

Во 20-катна зграда во јужниот дел на Лондон денеска изби пожар, при што се евакуирани 180 лица. 

Пожарот избил околу 4 часот утрово на тераса на 13 кат и многу брзо е ставен под контрола, пишува британски „Телеграф“.

Според пожарникар, системот за гаснење на пожар, кој се активирал, спречил голема штета, а таа служба примила речиси 17.000 дојави за тој пожар.

Во гаснењето учествувале 60 пожарникари, а на лице место дошле полиција и брза помош.
Весникот пишува дека пожарот се случил на годишнината од трагедијата во Гренфел кула, кога во пожар настрадаа 71 лице. 



Прочитај повеќе »