Светски самит за храна во август во Копенхаген

demo-image

Министри од цел свет ќе бидат дел од Светскиот самит за храна под мотото Подобра храна за повеќе луѓе. Самитот ќе се одржи во Копенхаген на 30 и 31 август оваа година.   Покровителка на самитот е данската принцеза Мари.

Ќе бидат одржани говори, панел дискусии, свеченост на потпишување меѓународни договори.

Досега се повикани 56 претставници на држави од светот. Повикани се и ЕК, ФудДринкЈуроп, Светска банка, Организацијата за храна и земјоделие, СЗО, Совет на Европа и Глобалниот сојуз за подобрување на храната. Ќе учествуваат и Ај-Би-Ем, Гугл, Нестле, Алибаба, Икеа и Теско.

Самтот се темели на гастрономија и можности за создавање глобално движење фокусирано на безбедност на храната, информации за храната и болести поврзани со храната, отпад од храна.

Самитот би требало да мобилизира држави, компании и организации во светот за да се обезбеди поквалитетна храна за повеќе луѓе. Освен тоа, самитот ќе биде тесно поврзан со целите на ОН за одржливост за 2030 и ќе се расправа како тоа случување и заклучоците, кои ќе се донесат, можат да ги зајакнат целите на ОН во однос на предизвиците храна, здравје и околина. 



Прочитај повеќе »