Мун: Средбата Ким-Трамп го внесе регионот во мир

demo-image

Самитот меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун придонесе од ера на непријателство, регионот да влезе во ера на дијалог, мир и просперитет, изјави јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин по  средбата во Сеул со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Американскиот државен секретар има задача да ги информира сојузниците на САД, Јужна Кореја и Јапонија, како поминала средбата меѓу Трамп и Ким во Сингапур.

Мун се заблагодари за телефонскиот повик од Трамп при враќањето од Сингапур во Вашингтон. Јужнокорејскиот претседател изјави пред Помпео дека сака да слушне како страните можат „сеопфатно и експедитивно да го реализираат одличниот договор".


- Има многу анализи за резултатот од средбата, но, според мене, најважното е што граѓаните низ светот, вклучително и тие во САД, Јапонија и Корејците, успеаа да ја избегнат заканата од војна, нуклеарно оружје и ракети,  рече  Мун пред средбата.

- Уверен сум дека во Сингапур остваривме многу корисен, суштински чекор, истакна американскиот државен секретар пред трилатералниот состанок во Сеул со своите колеги од Јужна Кореја и Јапонија.

Помпео истакна дека Пјонгјанг се ангажирал да се откаже од својот нуклеарен арсенал, но, рече дека тоа е процес и тој нема да биде лесен.

- Ким Џонг-ун разбра дека нуклеарното разоружување на Северна Кореја треба да е брзо и оти санкциите од ОН ќе бидат повлечени само по целосна  дунекларизација, истакна Помпео.



Прочитај повеќе »