Првото пиво со сладолед произведено во Њујорк

demo-image

Пиварницата „Кептен Лоренс“ од Њујорк го произведе првото пиво со сладолед. Фабриката за пиво во соработка со производителот на сладолед „Карвел“ ја лансираа првата серија од оваа невобичаена мешавина на чоколаден деликатес со пиво.

Станува збор за темно пиво со чоколаден сладолед, кое содржи шест проценти алкохол.

Според производителот, пивото оди добро во комбинација со чадена храна и чоколадни десерти.

Првите количини од ова пиво се веќе распродадени, а од пиварницата најавуваат нова серија до крајот на неделата. 



Прочитај повеќе »