Македонскиот планинар Георги Петков почина на Хималаите

demo-image
Македонскиот планинар Георги Петков од Гевгелија почина вчера од срцев удар на Хималиаите во обид да го освои највисокиот врв Монт Еверест.

Веста е објавена на сајтот „Хималајан“, а е пренесена и на веб страницата на Планинарското друштво „Кожув“ од Гевгелија.

-63 годишен алпинист од југоисточна Европа почина додека се обидува да се искачи на највисоката планина во светот попладнево, објавија официјалните претставници на базниот логор.

Веста за смртта на македонскиот алпинист ја потврдил и менаџерот на базниот логор Ками Нуру Шерпа.

-Во тек се напори за спуштање на неговото тело во долниот логор, додал Шерпа.

Доктор Георги Петков беше дел од експедицијата предводена од британскиот планинар и лидер за комерцијална експедиција, Тим Мосејдеј.

На поход кон искачување на Монт Еверест доктор Георги Петков тргна на 24 март годинава, а според планот требаше до крајот на месецот да се искачи на врвот и да биде шестиот Македонец што го освоил овој врв.


Прочитај повеќе »