Прва парламентарна средба во рамки на Жан Моне процесот

demo-image
А во Охрид вечер почнува првата парламентарна средба во рамки на Жан Моне процесот инициран од тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.

Македонските народни избраници од сите пратенички групи, предводени од претседателот на собранието Талат Џафери и тројцата, потпретседатели, ќе разговараат главно за прашања поврзани за деловникот за работа на парламентот, етичкиот кодекс и буџетската независност, но не е исклучена можноста таму да се отворат и други прашања. 

Официјално состанокот ќе започне вечер со обраќања на тројцата европратеници. Иако се најавуваше можност, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, нема да допатува во Охрид туку ќе има видео обраќање.

Разговорите се во текот на утрешниот ден, а треба да финишираат со вечера на која се поканети и лидерите на парламентарните политички партии, премиерот и прв човек на СДСМ Зоран Заев, претседателите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи, на Алијансата на Албанците Зијадин Села и од БЕСА Билал Касами. 


Прочитај повеќе »