Вулканот во Хаваи пред ерупција; нови евакуации

demo-image
Ова е првото предупредување издадено од страна на Американското геолошко истражување, кое покажува дека ерупцијата е во тек.

Официјалните лица на Хаваи ги предупредија жителите и авионите кои го надлетуваат просторот над делови од Големиот остров, да внимаваат, откако вулканот Килауеа исфрли голема количина на пепел и парчиња карпи.

Ова е првото предупредување издадено од страна на Американското геолошко истражување, што покажува дека ерупцијата е во тек, и оти пепелта може да влијае врз воздушниот сообраќај во таа област.

Гувернерот Дејвид Иге најави формирање на заедничка работна група, која би можела да се справи со масовни евакуации во областа Пуна на Биг Ајленд, ако лавата од вулканот Килауеа ги зафати поголемите патишта и ја изолира областа.

Покрај пепелот и камењата, надлежните исто така ги предупредија жителите од опасност на штетни гасови, како што е сулфур диоксид, кој може да влијае на очите и респираторниот систем.

Официјалните лица апелираа до жителите веднаш да побараат медицинска помош доколку дојдат во допир со токсичниот гас што излегува од вкупно 21 пукнатина создаден од вулканот.

Килауеа е еден од најактивните вулкани во светот, а првата ерупција се случи на почетокот од мај. Научниците велат дека не можат да предвидат колку ќе трае сегашната ерупција.


Прочитај повеќе »