Макрон: Јас сум за проширување, но, дури после реформи во ЕУ

demo-image

Францускиот претседател Емануел Макрон истакна денеска во Софија дека е за засилен стратешки дијалог со Западен Балкан и европска перспектива, но истовремено го повтори ставот дека проширување може да има откако ќе се спроведат неопходни реформи во Европската Унија.

- Не сум за тоа дека за ново проширување може да има пред да се спроведат вистински и трајни реформи, што  длабински ќе го подобрат функционирањето на ЕУ, изјави Макрон.

Пред Самитот во Софија тој повтори дека е неопходно со многу „внимателност и строгост“ да се гледа на секое ново проширување.

- Треба да им се помогне на сите држави што се во процес на спроведување реформи и кои напредуваат кон Европа. Тоа е мој стратешки избор. Но, јас не сум за тоа да има ново проширување пред вистински и трајни реформи, што длабински ќе го подобрат функционирањето на ЕУ, изјави Макрон. 



Прочитај повеќе »