Турција бара изјаснување на ГС на ОН за Ерусалим

demo-image

Турција бара реакција на Генералното собрание на ОН во врска со ситуацијата во Ерусалим, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Тој во интервју за државната телевизија ТРТ Хабер, рече дека независна комисија треба да подготви извештај за насилството во Газа и оти Израел треба да се соочи со правото.

Израелски војници во понеделникто убија десетици палестински демонстранти во граничниот дел на Појасот Газа, на денот кога САД ја отворија својата Амбасада во Ерусалим.



Прочитај повеќе »