Косовската Влада го активира „Планот Б“ за формирање војска

demo-image

Косовската Влада почна со спроведување „План Б“ за трансформација на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во војска, откако, поради вето на пратениците Срби, тоа не успева да го направи по пат на уставни измени. Новиот план предвидува период од 10 години, додека да се затвори транзицијата, објави денешна „Коха Диторе“.

Според весникот, како што јавува дописникот на МИА од Приштина, пакет закони кои се однесуваат на организацијата на ФСК веќе е доставен до кабинетот на премиерот Рамуш Харадинај и, откако ќе ги помине владините процедури, ќе биде проследен во Собрание за гласање.

Со документот не е предвидено трансформацијата да се случи веднаш, како што имаше обид да се направи во неколку наврати во изминатите четири години, туку ќе се отстранат одредени ограничувања во врска со капацитетите, мандатот и мисијата на ФСК.

Од Канцеларијата на премиерот потврдуваат дека пакетот закони изготвен од Министерството за ФСК е стасан таму, но велат дека се уште не е проследен во натамошна владина процедура.

- Интерес на Владата е ова да се направи што побргу, но секогаш во содејство со стратешките партнери, се вели во писмениот одговор на кабинетот на Харадинај.



Прочитај повеќе »