Замена на бебиња во болница во Црна Гора

demo-image

Во породилното одделение на Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ) се случи несекојдневна ситуација - мајка била отпуштена со туѓо бебе.

КЦЦГ соопшти дека во иднина при отпустот, покрај мајката, ќе присуствуваат уште три лица од клиниката - неонатолог и две медицински сестри.

Прв што забележал нешто необично бил таткото, кој видел дека бебето е многу поситно. Кога стигнале дома, мајката на рачето на девојчето забележала дека бројот на нараквиците не се совпаѓа со нејзиниот. Потоа, веднаш се вратиле во болницата, па проблемот е надминат.

КЦЦГ го потврдија случајот. Против одговорните медицински сестри е покрената дисциплинска постапка. 



Прочитај повеќе »